Стејт департмент: Нашата желба е кандидатурата на С. Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на годинава

од Nikola Popovski
631 прегледи WASHINGTON, DC - SEPTEMBER 12: A sign stand outside the U.S. State Department September 12, 2012 in Washington, DC. U.S. Ambassador to Libya J. Christopher Stevens and three other Americans were killed in an attack on the U.S. Consulate in Benghazi, Libya. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

„САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот.

Оттаму потсетуваат дека САД се силни поддржувачи на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

„Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, вели портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори, дополнувајќи дека одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот.