366
Ватикан започна истрага за тоа како се случило тоа што официјалниот профил на папата Франциск на Инстаграм „лајкнал“ провокативна фотографија од бразилски модел, пишува „Њујорк пост“.
Веста за ова се појави на 13 ноември, кога на социјалните мрежи се појавија „скриншотови“. „Лајкот“ потоа беше тргнат следниот ден, но оттогаш мрежите не се смирија.
Извори тврдат дека со профилите на Папата на социјалните мрежи управува тим на луѓе, а Ватикан не се огласи официјално во медиумите.
Да ве потсетиме, самата Бразилка го коментираше случајот.
„Барем ќе одам во рајот“, напиша таа.
Pope Francis is horny as hell pic.twitter.com/znGdgyJWLv
— Barstool Sports (@barstoolsports) November 13, 2020