ЦИВИЛ: „Зелените доаѓаат 2020“ со зелени вредности, социјална правда и антинационализам

389 прегледи

Во рамки на денешната конференција организирана од Цивил, во прилог ви ги претставуваме нивните теми и програма, опфатени со паролата „Зелените доаѓаат 2020“.

Наjважните прашања на денешницата се теми на денешната конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

Конференцијата ја организира ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, денеска, 19 ноември, во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот, а ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ.

На конференцијата ќе говори Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија. На листата на говорници се: Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и претставници на други владини ресори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата. На конференцијата ќе говорат и четворица претставници на ЦИВИЛ – Петрит Сарачини, Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.

ПРИЈАВА ЗА ОНЛАЈН УЧЕСТВО

Конференцијата ги опфаќа темите во областите на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, со посебен осврт на меѓусебната поврзаност и неделивост на овие области. Конференцијата е завршен настан на проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува со долгогодишните партнери на ЦИВИЛ, Фондацијата Хајнрих Бел.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, конференцијата ќе се одржи онлајн, со минимално физичко присуство на организацискиот и медиумскиот тим на ЦИВИЛ.

Онлајн учеството е обезбедено преку апликацијата Зум, со претходно пополнување формулар за учество. Физичко присуство не се препорачува.

Конференцијата ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, а медиумите можат да преземат видео, фотографија и текстуална содржина според лиценцата Creative Commons License 4.0.

Слични содржини