Што се случува со Путин? Не можеше да престане да кашла, во Русија избувна паника (ВИДЕО)

од Берта Китинска
440 прегледи

За време на една видео-средба, рускиот претседател Владимир Путин имаше проблеми со кашлање, што, се разбира, за време на пандемијата, предизвика бројни теории за неговото здравје, па дури и Кремљ мораше да се огласи.

Путин се бореше со кашлица, а тој неколку пати рече „извинете“ и ја стави десната рака на устата додека се обидуваше да продолжи, пренесоа британските медиуми.

Како што изјавија од Кремљ претседателот е „апсолутно добро“.

„Претседателот се извини и го продолжи состанокот скоро без пауза“, се вели во соопштението на Кремљ.

Патем, за време на состанокот се дискутираше за финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот.

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ шпекулира дека, и покрај фактот дека Русија има на располагање две вакцини – едната, наводно, ја примила ќерката на Путин, Катерина (34) – тој најверојатно не примил ниту една.

Слични содржини