Рестораните во Белгија остануваат затворени до крајот на годината

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Белгискиот сектор за угостителство најверојатно нема да профункционира оваа година, предупредуваат вирусолозите додека во јавноста се дебатира дали е време да се укинат поострите мерки за борба против епидемијата на коронавирус.

Кафулињата и рестораните беа затворени пред точно еден месец по втор пат поради коронавирусот.

„Знаеме дека пабовите и рестораните се средина со висок ризик. Нема никаква врска со луѓето од угостителската индустрија кои даваат се од себе, тие се едноставно места каде што луѓето се среќаваат“, рече статистичарот Нил Хенс за „ВРТ“.

Како што рече, пролетта е многу поверојатно време за повторно отворање на угостителски објекти без опасност од третиот бран на епидемијата.

„Бранот, сепак, никогаш не зависи од само еден сектор, тој ќе биде комбинација од неколку сектори“, додаде Хенс.

Исти е ставот на вирусологот Марк ван Ранст.

„Мислам дека продавниците ќе можат повторно да се отворат, но не и угостителската индустрија. Тоа е можно само со педесетина заразени лица на ден“, рече Ван Ранст во интервју за холандскиот весник Фолксрант.

„Како прво, добрата политика за тестирање и следење е клучна, но не треба да се релаксираме премногу брзо“, рече тој, додавајќи дека се плаши дека нема да има релаксација пред Божиќ (25 декември).

Се очекува во наредните денови Белгија да разгледа мерки за борба против епидемијата, кои се во сила до 27 ноември.

EURACTIV.com пишува дека регионалната влада на Брисел потврди дека нема да ги укине мерките за затворање денес, но ќе ги продолжи до 13 декември.

Во меѓувреме, здравствените експерти предупредија дека стапката на инфекција се намалува побавно отколку што се очекуваше.

Слични содржини