По завршувањето на Советот за безбедност, покрај Ковид кризата и кризната состојба која претседателот ја предложи до Владата, премиерот Зоран Заев и претседателот Пендаровски беа запрашани дали чувствуваат вина за ветото на Бугарија и нивната блокада за почеток на преговорите за С.Македонија со ЕУ.
„Не чувствуваме одговорност за исходот со Бугарија. Целиот свет не гледа како Европејци кои имаат европски манири“, истакна Заев на ова новинарско прашање, а сличен одговор даде и Пендаровски кој уште еднаш потенцираше на што се базира Договорот за добрососедство со Бугарија.
„Не чувствувам одговорност. Не сме договриле и потпишале ништо надвор од договорот за добрососедство. Тој договор не создава правна блокада. Бугарската блокада се базира на барања кои не се споменати, ниту пак договорени, и сакам да напоменам дека истиот тој договор за добрососедство беше изгласан и од страна на опозицијата во 2017.година“, заврши претседателот Пендаровски.