278
Во соседна Србија во изминатото деноноќие се регистрирани 6.109 новозаразени лица, што значи нов црн рекорд.
Истовремено, уште еден рекорд е урнат и тоа бројот на починати лица кој сега се искачи на 29 пациенти во еден ден.
Во Србија инаку во изминатите 24 часа се направени 18.890 тестирања, а позитивни се 32,19%, соопштуваат тамошните здравствени власти.
Во моментот во Србија 186 пациенти се на респиратор.