Бајден не исклучува тужба против Трамп

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека не исклучува тужба против администрацијата на сегашниот шеф на државата и негов главен ривал за Белата куќа, Доналд Трамп и Администрацијата за општи служби – агенцијата што го одобрува преминот на власт, објави „Спутник“.

Причината е што тие не му помагаат да го спроведе потребниот период на транзиција кон неговото владеење од јануари следната година. Администрацијата на Трамп дури навести дека се прави премин кон нов мандат за актуелниот претседател.

Бајден ја отфрли можноста за воведување национална блокада во Соединетите Американски држави, остро реагирајќи на новинарските прашања што го поттикнаа на неговата позиција за екстремни мерки по зголемувањето на случаите на коронавирус и смртните случаи.