Во Собранието денес ќе се носи одлука за формирање на пратенички групи

345 прегледи

Во Собранието од страна на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, денес, треба да се донесе предлог– одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Покрај тоа на дневен ред се најде и предлог- одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни змаеници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието.

Исто така, членовите на оваа комисија ќе ја разгледаат и Предлог – одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламентите на други држави, како и избор на претседатели и членови на овие пратеничките групи.

Слични содржини