Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика муслиманските лидери во земјата да изготват еден вид повелба за вредности што ќе ја почитуваат во иднина, со која исламот се дефинира како аполитичка религија.
Според Би-Би-Си, на состанокот со исламските лидери во средата, тој му дал рок на францускиот совет за муслиманска вера од 15 дена да прифати повелба според која исламот е религија, а не политичко движење.
Исто така, треба да се наведе дека е забрането „мешање од страна“ во муслиманските групи во Франција, како и обврска за почитување на вредностите на Републиката.
Макрон предложи и формирање на Национален совет на имами. Ова се случува по три исламистички напади за еден месец во Франција.
Макрон најави и нови мерки за сузбивање на, како што изјави во неколку наврати, „исламистичкиот сепаратизам“ во Франција.