217
Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Германија денес се зголеми за 23.648, објави Институтот „Роберт Кох“.
Бројот на смртни случаи од ковид 19 е зголемен за 260 од вчера, на вкупно 13.630, според официјалните податоци.
Од почетокот на епидемијата, во Германија се заразени 879.564 лица со коронавирусот.
Раководителот на одделот за заразни болести на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, вчера изјави дека воведените рестриктивни мерки даваат резултати и изрази оптимизам дека бројот на пациенти ќе почне да се намалува.
Кафулињата и рестораните се затворени, но училиштата и продавниците се отворени. Приватните собири се ограничени на најмногу 10 лица од две домаќинства.