Обама во мемоарите за светските лидери: „Путин жилав, несенментален и со уличен ум“

од Stefanija Kuzmanovska
578 прегледи

Во мемоарот „Ветена земја“, поранешниот американски претседател Барак Обама се осврна и на средбите со бројни светски лидери и зборуваше за тоа што мисли за нив.

Во книгата, која се продаде во над 890.000 примероци за 24 часа, Обама се присетува на неговите патувања низ светот кога беше 44-от претседател на САД, а силен впечаток врз него оставиле Ангела Меркел, Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пишува Би-Би-Си.

За Ангела, Меркел Обама рече дека е „упорна, искрена, интелектуално ригорозна и инстинктивно љубезна“. Поранешниот претседател забележува дека таа првично била скептична кон него поради неговата возвишена реторика и вештини за зборување.

„Не бев навреден, сметајќи дека за германскиот лидер аверзијата кон можна демагогија е веројатно здрава“, наведува Обама во книгата.

Обама откри дека турскиот лидер Реџеп Таjип Ердоган е „срдечен и генерално одговара на моите барања“.

„Но, секогаш кога го слушав како зборува, добивав силен впечаток дека неговата посветеност кон демократијата и владеењето на правото може да потрае само додека ја осигурува неговата моќ“, напиша Обама.

Обама исто така посвети дел од својата книга на рускиот лидер Владимир Путин. Тој го опишува Путин како човек кој го потсетил на старите политичари кои ги запознал на почетокот на неговата политичка кариера во Чикаго. Тој пишува дека бил „како шеф на оддел (област), но со нуклеарни бомби и вето од Советот за безбедност на ОН“.

„Путин, всушност, ме потсети на типот на луѓе кои управували со машини во Чикаго или Тамана Хол (политичка организација во Њујорк) – жилави, со уличен ум, несенментални ликови кои знаеле што знаат, кои никогаш не се преселиле од своите тесни искуства и кои сметаа дека митото, измамата и повременото насилство се легитимни средства за трговија“, пишува во „Ветената земја“.

Слични содржини