376
Судот во Феникс ја отфрли тужбата на републиканците, која побара од официјалните лица во Аризона да не го потврдуваат избраниот претседател Џо Бајден како победник на изборите во таа сојузна држава.
Судијата Џон Хана рече дека го отфрлил барањето на Републиканската партија во Аризона да го блокираат Надзорниот одбор за да ги потврдат резултатите во округот Марикопа, објави синоќа Ројтерс.
Републиканците побараа судијата во Аризона да нареди ново пребројување на гласовите, тврдејќи дека тоа претходно било спротивно на законите на таа држава.
Според „Едисон Рисрч“, Бајден го победи Доанлд Трамп во Аризона со повеќе од 10.000 гласа, обезбедувајќи 306 изборни гласови во споредба со 232 гласа на Трамп.