Европската Унија не смее да прави компромис за условување на распределбата на пари на земјите-членки со почитување на владеењето на правото, а нејзиниот одговор на предизвикот поставен од Унгарија и Полска ќе утврди дали таа ќе опстане како отворено општество, посветено на вредностите врз кои е основана. тврди американски финансиер со унгарско потекло Џорџ Сорос.
Тој во авторски текст за порталот „Project sindicate“ со седиште во Прага изјавил дека Унгарија и Полска, иако имаат најголема корист од буџетот, силно се спротивставуваат на условување со владеење на правото, како што е утврдено од ЕУ.
Како што вели, тие две земји знаат дека се одговорни за „шокантното кршење“ на владеењето на правото и не сакаат да ја платат цената.
Според него, ветото за буџетот на ЕУ е „чекор без преседан од двајца сериски криминалци“, што предизвика забуна кај членките на ЕУ, но тој верува дека постои начин да се заобиколи.
„Во случај да нема договор за новиот буџет, стариот буџет, кој истекува на крајот на 2020 година, ќе се продолжи на годишно ниво. Унгарија и Полска не би добиле средства од тој буџет затоа што нивните влади го кршат владеењето на законот“, изјавил Сорос.
Тој додал дека на ист начин, Фондот за обновување може да примени подобрена постапка, како што е предложено од Гај Верхофстад, и ако ЕУ го стори тоа, може да се избегне ветото од Орбан и Качински.
Зборувајќи за унгарскиот претседател Виктор Орбан, тој рече дека изградил клептократски систем во Унгарија со цел да ја ограби земјата.
„Тешко е да се утврди точно колку неговото семејство и пријатели се збогатија, но некои од нив станаа неописливо богати. Орбан сега го користи новиот бран на Ковид-19 за промена на унгарскиот устав и изборниот закон и да се консолидира со уставни средства како доживотен премиер. Тоа е трагедија за унгарскиот народ“, вели Сорос.
Тој додал дека унгарските опозициски партии се обидуваат да формираат заеднички список на кандидати со кои би се кандидирале на изборите во 2022 година, но, според него, нивните шанси се за успех, бидејќи Орбан ги сменил изборните правила.
Покрај тоа, вели Сорос, Орбан ја контролира целата земја, како и медиумите, и во многу села, гласањето не е тајно.
„Само ЕУ може да помогне. Фондовите на ЕУ може да бидат насочени кон локалните самоуправи каде демократијата сè уште постои. ЕУ не смее да дозволи компромис“, заклучил Сорос.