Зборувајќи за односите меѓу Русија и Соединетите држави, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изјави дека расипаните односи не можат повеќе да се расипат.
– Не можете да ги расипете веќе расипаните односи, тие се веќе расипани – рече Путин, меѓу другото, за ТВ „Русија еден“, одговарајќи на прашањето дали Русија ќе ги расипе односите со САД уште повеќе по претседателските избори во Америка.
Рускиот претседател го кажа своето мислење во интервју, чиј дел беше објавен минатата недела, а нов дел се појави во објавата на овој телевизиски канал, во кој се наведува дека Путин ќе одговара на прашања кога Русија ќе му честита на победникот на претседателските избори во САД, дали овие избори се легитимни, и на други теми.