„Модерна“ вакцината против Ковид 19 ќе ја продава по цена од 25 до 37 долари

337 прегледи

Вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ предвидена за Ковид 19, ќе чини од 25 до 37 долари, зависно од количината на нарачката, порача извршниот директор Стефан Бансел.

„Нашата вакцина ќе чини исто како и вакцината против грип која е помеѓу 10 и 50 долари“, посочува Бансел.

Ројтерс пак, пренесува дека Европската Унија има за цел да постигне договор со кој ќе се набават повеќемилионски дози од вакцината, но за цена помала од 25 долари.

„Ништо не е потпишано, но сме блиску до договор со Европската комисија. Сакаме да ја испорачаме нашата вакцина во Европа и водиме конструктивни преговори“, истакна директорот на „Модерна“.

Инаку, како што се познато од претходно, „Модерна“ изминатава недела објави дека ефикасноста на нивната вакцина е 94,5%, а истите резултати следуваа по последната фаза од клиничкото тестирање.

Исто така, оваа вакцина е стабилна на температури од два до осум степеи 30 дена и може да се чува исто така и на -20 степени во рок од шест месеци.

Слични содржини