Во изминатото деноноќие во Ковид центрите се хоспитализирани 35 лица со што вкупниот број на лица кои се лечат во болнички услови во Скопје се искачи на 474.
Од министерството за здравство посочија дека во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид-центарот на Клниката за Неврологија, седум болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Клиниката за нефрологија, а пет во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 лица.
Во статистиката на отпусни листи пак, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 9 деца и 21 возрасен.
Исто така, сите инфективни одделенија, потенцираат дека имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до осум часот имало уште слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, се вели во соопштението од Министерството за здравство.