Шекеринска за Бугарија: Крајно внимателни сме за прашањата за нашето право на самоопределување, јазик и идентитет

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Министерката за одбрана,Радмила Шекеринска, виртуелно учестуваѓе на Halifax International Security Forum кој оваа година виртуелно собра 300 учесници меѓу кои државниот секретар на САД Помпео, генералниот секретар на НАТО Столтенберг, канадскиот премиер и министерот за одбрана, претседавачот на Минхенската безбедносна конференција Ишингер и колеги министри од Турција, Естонија, Шведска и други.

„Прво прашање – ветото од Бугарија. Одговорив дека покажавме дека знаеме да правиме компромиси кога е неопходно, но дека сме и крајно внимателни по прашањата за нашето право на самоопределување, нашиот јазик и идентитет. Важно е да се знае за овој наш став бидејќи форумот кој се одвиваше преку видео собра 300 светски имиња од безбедноста и политиката како американскиот државен секретар Помпео, генералниот секретар Столтенберг, беше поздравен и од премиерот Џастин Трудо, а се вклучија и колеги министри од повеќе земји“, сподели Шекеринска.

Слични содржини