Повеќе од 300 лица уапсени во Минск, многумина биле претепани од полицијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Белоруската полиција уапси повеќе од 300 лица денес во Минск за време на последниот протест против долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, објави Групата за заштита на човековите права „Вјесна“.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Минск, а полицијата користеше шокбомби за да ги растера насобраните, објавија неколку белоруски медиуми, пренесе Ројтерс.

Организаторите на протестот оваа недела побараа од луѓето да се соберат на различни места во Минск пред да се формира поголема група луѓе, за да и биде потешко на полицијата да ги контролира.

Демонстрантите првично се собраа во различни делови на Минск за да ја отежнат работата на полицијата, но се соочија со репресија кога се обидоа да се обединат во центарот на главниот град.

Полицијата употреби шок бомби за да ги растера демонстрантите, а многу други учесници на протестот беа претепани.

Министерството за внатрешни работи подоцна потврди дека имало апсења, велејќи дека луѓето се уапсени за „нарушување на јавниот ред и мир и пружање отпор на полицијата“.

Слични содржини