Дури и пред Алберт Ајнштајн, всушност, човештвото отсекогаш го интересирале мисловни експерименти и парадокси, нивните концепти и толкувања.
Некои од нив лесно можат да се толкуваат, додека за разбирање на другите потребни се часови и часови.
Еден од начините да им се пристапи е мисловен експеримент, кој сам по себе понекогаш е парадокс, пишува „nationalgeographic“.
Еве два парадокси кои ќе ве натераат да размислите.
Парадоксот на моралот
Замислете дека сте покрај железничка пруга што ја поправаат десет работници. Во еден момент пристигнува воз, но работниците не го забележуваат тоа. Можете да го промените курсот на возот и да спасите десет работници со едно притискање на копче.
Ова ќе го пренасочи на друга пруга каде што има еден работник. Тој исто така не го слуша и не го гледа возот. Дали би убиле еден работник, или би оставиле десет да умрат? На вас е да одлучите.
Повеќето луѓе би притиснале копче без размислување и го пренасочиле возот, бидејќи тоа е морално. Значи, тие би биле одговорни за само една смрт, што изгледа како помала катастрофа.
Сега замислете дека има надвозник помеѓу овие десет работници и возот. На него има човек кој е толку дебел што би било доволно да скокне на пругата и со тоа да го запре возот и да ги спаси работниците. Сепак, тој не го сака тоа. Единствениот начин да се спасат работниците е да го турнете.
Ако не, десет луѓе ќе умрат. Што мислите, како би постапиле повеќето? Веројатно не би се осмелиле некого да турнете во смрт. Изненадувачки е колку различно реагираат луѓето во овие две ситуации, иако нивните постапки ќе ги имаат истите последици.
Дали тогаш би било морално да се притисне копче во првото сценарио? Размислете за тоа.
Отровна загатка на Кафка
Ексцентричен милијардер става шише отров пред вас, што ако го испиете, ќе ве разболи во текот на целиот ден, но нема да го загрози вашиот живот или да остави трајни последици.
Ќе ви бидат платени еден милион долари наутро, ако вечерва на полноќ одлучите да го испиете отровот до утре попладне. Милјардерот истакнува дека не треба да пиете отров за да добиете пари, всушност, парите веќе ќе бидат на вашата сметка неколку часа пред да дојде време да го испиете токсинот, доколку истраете во својата намера.
На вас останува само да се уверите на полноќ дека утре ќе ја испитате содржината на шишето. Вие исто така сте апсолутно слободни да се откажете од пиење отров откако парите ќе се најдат на вашата сметка.
Прашањето е, дали можете да планирате да го испиете токсинот, ако знаете дека не морате тоа да го правите? Кафка тврди дека ниту една личност не е во состојба навистина да има намера да испие отров, туку дека постои голема веројатност повеќето луѓе по на овој предлог само да се свртат и да си заминат.