Ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик, и тоа на начин каде ќе ја претставам Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија, вели новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс.
Тој на состанокот кој се оддржа преку видео онлајн комуникација, истакна дека Народната банка верува дека ќе продолжи да придонесува за успешната соработка и комуникација помеѓу Северна Македонија и ММФ, а во тој контекст и за остварување на залагањата на Конституенцата.
„Независноста, професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ, особено за оценувањето на економијата. Од нив, во голема мера зависи и поддршката што ММФ ја дава за секоја земја-членка. Во последните неколку месеци, вашата централна банка докажа дека може да работи во согласност со високите меѓународни стандарди и добрите глобални практики, и потребно е да остане на веќе трасираната патека“, потенцираше извршниот директор во ММФ.
Исто така посочи дека е од исклучителна важност, со оглед на Ковид кризата, што севкупниот период се одржува финансиската стабилност во земјата, а истовремено се спроведува и соодветна монетарна политика.
„Независната централна банка е гарант и на финансиската и на макроекономската стабилност, а тоа е од есенцијално значење за оцената на ММФ“, вели Хилберс.
Гувернерката пак. на Народната Банка, Анита Ангеловска – Бежоска, посочи колку е важна соработката со ММФ за економијата и дека во таа насока, особено значителни се залагањата на Конституенцата на којашто припаѓа нашата земја.
„Народната банка во рамки на својот мандат, како и досега ќе го дава максимумот. Постојано ги следиме трендовите и потенцијалните ризици од контекстот на актуелната глобална криза, заради соодветна реакција, доколку тоа е потребно заради ублажување на ефектите врз економијата. Тоа дополнително ја засилува потребата од комуникација и соработка со ММФ, при што особено е значајна улогата на Конституенцата“, посочи меѓу другото Ангеловска-Бежоска.
На состанокот се разговараше и за најновите видувања на ММФ за македонската економија. ММФ очекува економската активност да закрепне во текот на следната година, но дека вториот бран на пандемијата претставува ризик за интензитетот на закрепнувањето.