Италија, првата земја во Европа погодена од епидемијата на коронавирус минатата пролет, го надмина прагот на 50.000 смртни случаи од Ковид-19, соопштија властите.
Во таа земја, во последните 24 часа починале 630 лица, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 50.453.
Италијанските власти наведуваат дека од 1 септември починале 15.000 луѓе, додека вкупно се заразени над 1,4 милиони.