Ахмети: Не верувам дека Меџити би поднел интерпелација на Груби и Османи

од Nikola Popovski
398 прегледи

По гласините дека шефот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, претседателот на партијата, Али Ахмети, вели дека не е загрижен.

„Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно г. Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена. Не очекувам дека некој од партијата ќе се приклучи на опозицијата во интерпелацијата, но ако евентуално некој од ДУИ поднесе такво нешто за неговите сопартијци, јас уверувам дека повторно ќе има место во партијата“, истакна Ахмети.

Гласините за интерпелацијата на Меџит против Груби и Османи се проширија минатата недела, додека самиот Меџити, запрашан за тоа, ниту го потврди ниту го демантираше ова, додавајќи дека нема да се изјасни за тоа пред владата да наполни 100 дена.

Слични содржини