Блиска средба на три метри: Авион за малку ќе се судрел со непознат летечки објект

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Патнички авион Боинг 737 за малку ќе се судрел со непознат летечки објект додека се подготвувал да слета на аеродром во Велика Британија. Блиската средба се случила на само три метри раздалеченост и судирот и вистинската трагедија беа избегнати само со среќа.

Извештај за инцидентот што се случи на 1 септември само што беше објавен и наведува дека е избегната страшна несреќа над аеродромот Лидс-Брадфорд.

Според извештајот, „непознат осветлен предмет се приближил до авионот на растојание од три метри, додека тој се подготвувал да слета“.

-Пилотот и копилотот на авионот одеднаш виделе светлина и објект кој се движел кон авионот, речиси директно, малку над и лево. Објектот се појави без предупредување и немало време да се реагира“, се наведува во извештајот, пренесува РТ.

Полициски хеликоптер забележал летачки фенери во близина, но, според извештајот, “пилотите на авионот не веруваат дека виделе фенери.”

Истражувачите кои го испитале настанот навеле во извештајот дека „дефинитивно постоела опасност од судир“, но за среќа катастрофата била избегната.

Сличен настан се случил само три дена порано, кога дрон се приближи на само еден метар од „Ербас А320“ со 186 патници, на надморска височина од околу 2,4 километри над аеродромот во Манчестер. Тоа е 20 пати поголема од дозволената висина за беспилотните летала.

Слични содржини