Ахмети: Груби бил преведувач во „Жолтата куќа“

од Nikola Popovski
622 прегледи

Откако неколку медиуми од регионот објавија дека еден од можните сведоци за настаните во познатата „Жолтата куќа“ би можел да биде и вицепремиерот Артан Груби, лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во емисијата „Клик плус“ изјави дека улогата на Груби била само како преведувач и ништо повеќе од тоа.

„Груби беше преведувач и тој ја објасни целата ситуација во жолтата куќа. Секако, ја знаев за неговата работа. Тој има работено и како преведувач и службеник и во седиштето на НАТО во Скопје“, рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека не му е пријатно затоа што смета дека се напаѓа мисијата на тогашната ОНА која се бореше за права и слобода на албанците во Косово.

Според повеќе извештаи, во „Жолтата куќа“ се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА за време на конфликтот во Косово.

Слични содржини