Речиси 2 милијарди дози од вакцината против Ковид 19, ќе добијат земјите во развој следната година во „мамутската операција“, соопштија од УНИЦЕФ.

Од таму соопштија дека соработуваат со 350 авиокомпании и логистички за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација (СЗО).

„На овој план ќе соработуваме се со цел да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска мамутска операција“, посочи Етлева Кадили, директорка на одделот за снабдување при УНИЦЕФ.

Проектот насловен како КОВАКС во организација на СЗО, групата ГАВИ и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност, има за цел да спречи одделни земји да складираат вакцини против Ковид 19 и да обезбеди вакцина за најранливите групи во сите земји.

„ Потребна ни е целата расположлива помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ“, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

Инаку, УНИЦЕФ секоја година без разлика на Пандемијата, испраќа над 2 милијарди дози рутинска имунизација во речиси 100 земји во светот

До крајот на годината се очекува здравствените регулатори да ги одберат првите вакцини против Ковид 19.

Слични содржини