Мицкоски: Наместо демагогија, кревет и кислород за болните од Ковид 19 (ВИДЕО)

223 прегледи

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил објави видео, преку кое испрати порака до Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче наместо демагогија да обезбедат доволно кревети, како и кислород за болните од Ковид 19.

Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните.

Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни.

Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани. Епилогот е огромен број на починати.

Видеото објаснува се:

Слични содржини