Доколку им биде забрането скијањето, Австријците ќе бараат оштета од ЕУ

од Nikola Popovski
336 прегледи

Австрија остро реагирала на предлогот од Рим за забрана за скијање за време на божиќните празници, па затоа официјална Виена најави дека ќе побара пари од ЕУ во случај на забрана.

Министерот за финансии Гернот Блимел и министерката за туризам Елизабет Кестингер посочиле дека доколку ЕУ воведе ваква забрана, тие ќе бидат принудени да побараат обештетување.

„Претседателот на трговската комора на Австрија, Харалд Марер смета дека во Австрија нема никакви пречки за скијање.

„Не ја поддржувам иницијативата на Италија. Зимските празници во Австрија ќе бидат безбедни. Нашите туристички работници веќе го сменија сеопфатниот безбедносен концепт за одмор со скијање“, објаснила Кестингер.

Таа истакнала дека туризмот и угостителството не се одговорни за високата стапка на инфекција.

„Ако ЕУ размислува за вакви ограничувања, тогаш ќе мора да се погрижи за компензација на штетата предизвикана на погодените“, рекла Кестингер, потсетувајќи дека околу 700.000 работни места во Австрија се поврзани со туризмот и забавната индустрија.

Министерот Блимел вели дека затворањето на ски центрите значи трошок во цена до две милијарди евра.

„Ако ЕУ навистина размислува за затворање, тогаш треба да плати за то“, рекол тој.

Во исто време, Блимел предложил Брисел да ги пренесе парите директно во австриската држава, која потоа ќе ги дистрибуира до погодените компании или ова да се реши со намалување на придонесот на Австрија во касата на Унијата.

Во исто време, Марер истакнал дека зимскиот туризам е особено важен извор на приход.

Слични содржини