Иако пред една недела беше во Германија, Николоски прашува: Кога последен пат Заев бил на билатерална средба со земја членка на ЕУ?

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа кога последен пат Зоран Заев бил на билатерална средба со некоја членка на ЕУ.

-Има една работа која го прашав Зоран Заев јавно, а тоа е кога последен пат бил во официјална посета, билатерална на било која земја членка на ЕУ,а да не е од соседството. Не зборувам слушање на телефон, не зборувам да оди во соседството, не зборувам да оди во Брисел, туку кога последен пат бил и дали бил на средба со премиерот на Франција, со премиерот на Шпанија, кога последен пат бил со премиерот на Полска. Јасен е одговорот последен пат такво патување имал пред летото 2018 година пред да се објави аферата „Рекет“, вели Николоски.

Според него, Македонија не напредува кон ЕУ заради проблемот со Бугарија, но исто така не напредува и многу повеќе и заради „корумпираноста на власта“ и немањето капацитет да испорача реформи.

Инаку Заев пред една недела беше на посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).

Церемонијата ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со кој имаше и работна средба, а се сретна со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.

За периодот за кој говори Николоски државава имаше и техничка влада која не ја предводеше лидерот на СДСМ.

Слични содржини