Медицинските сестри кои останаа без ангажман, од денес се враќаат на работа

351 прегледи

Од денес се враќаат на работа 40. медицински сестри, дел од Здравствениот дом -Скопје, кои беа вработени до 31. октомври на определено работно време.

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил појасни дека тие и натаму ќе ја работат најблагодараната професија, односно спасувањето на човечки животи.

За нив се крена прашина во јавноста, откако останаа без ангажман по завршувањето на нивниот договот. За продолжување на договорот бил задолжен Фондот за здравствено осигурување, а оттаму вчера попладне одлучија дека ќе има буџет за оваа намена.

„Дополнително, понуда за вработување добија и младите приватни специјализанти кои минатата недела остварија работен состанок со министерот Филипче. Тие веднаш прифатија да бидат ангажирани во ковид-центрите на интерните клиники, како волонтери, додека трае постапката за вработување. Минатата недела министерот се сретна и со претставници на група лиценцирани лекари кои преку социјалните мрежи алармираа дека се невработени. Иако беше најавено дека се работи за 50 лекари, желба за работа изразија само петнаесетина“, посочија пак, од министерството.

Агенцијата за вработување до министерството вчера доставила информации за невработени лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, на кои ќе им биде понудено вработување во ковид-центрите низ државата.

Оттаму информираат дека во моментов има оглас за дополнителни вработувања и на Инфективната клиника.

 

Слични содржини