154
Од денеска угостителските објекти во Црна Гора ќе работат од 7 до 18 часот, додека од 19 часот до 5 часот наутро ќе важи забраната за напуштање на домовите.
Мерките ќе се применуваат до 8 декември, соопшти Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ).
Освен забраната за движење, од граѓаните се бара целосно да ги почитуваат сите мерки, бидејќи тоа е единствениот начин за борба против ширењето на коронавирусот.