Од Ван Дајк до Роналдо: ФИФА ги избира најдобрите за 2020 година

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави потесниот избор на кандидати за најдобар играч на светот во 2020 година.

Кандидати се Тијаго Алкантара, Кристијано Роналдо, Де Бруин, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Номинирани за најдобар голман се Алисон Бекер, Тибо Куртоа, Кејлор Навас, Мануел Нојер, Јан Облак и Марк-Андре Тер Штеген.

Марсело Биелса, Ханс-Дитер Флик, Јирген Клоп, Хулен Лопетеги и Зинедин Зидан се во потесниот избор за тренер на годината.

Наградата ќе биде врачена на 17 декември.

Слични содржини