Во тек се девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, посочи директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова.
На денешниот прес таа посочи дека од стартот на Пандемијата па досега се извршени 21 вонреден инспекциски надзор. Впрочем тука се и стручните надзори кои се извршени, но се во надлежност на Министерството за здравство и лекарската комора.
На новинарско прашање до Бухова, за тоа дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, таа вели дека последниве неколку дена немаат добиено претставки.
„Во последните денови или недели немаме претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.Вонредни инспекциски надзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство“, посочи Бухова во одговор на прашање.
Исто така, директорката информираше дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на акутелната случувања, е сеуште во тек.
„Тоа што можам да ви го кажам во однос на капацитетите од утринскиот почеток на надзорот, за истата болница е дека во тријажниот центар за ковид-19 и сите други респираторни инфекции битолската болница располага со 33 кревети од кои сабајле во утринските часови беа пополнети 68. Централен довод за кислород има за 50 кревети, за останатите има две големи и за секој останат по една помала боца“, вели Бухова.