Си му честиташе на Бајден за изборната победа

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на Џо Бајден во средата за победата на претседателските избори во САД, изразувајќи надеж дека двете земји можат да промовираат здрав и стабилен развој на билатералните односи, објави новинската агенција Ксинхуа.

Исто така во средата, кинескиот потпретседател Ванг Кишан ѝ честиташе на кандидатката на Бајден, Камала Харис, за изборот за следна потпретседателка на САД, објави агенцијата.

Бајден во вторникот рече дека е позитивно изненаден од повиците на светските лидери „колку се среќни што САД повторно ја преземаат својата историска улога на глобален лидер, како преку Пацификот, така и преку Атлантикот, низ целиот свет“.

Тој треба да ја преземе претседателската функцијата на 20 јануари.

Слични содржини