192
Во Обединетото Кралство, во последните 24 часа се пријавени 696 смртни случаи од коронавирус, што е највисок дневен биланс од 5 мај.
Тоа е 88 смртни случаи повеќе од претходниот ден, јавува Би-Би-Си.
Владата, исто така, објави 18.213 новозаразени, што е голем скок од вторникот кога имаше 6.914.
Од почетокот на епидемијата во Велика Британија, заразени се 1.557.007 лица, од кои 56.533 починале.