389
Меѓународните резерви на Русија во периодот од 13 до 20 ноември 2020 година се зголемија за 0,2 проценти (или една милијарда долари) и изнесуваат 584,9 милијарди долари, објави Руската централна банка.
Според извештајот на банката, растот се случил „главно под влијание на позитивна ревалоризација на девизниот курс“.
Меѓународните резерви се состојат од високо ликвидни странски средства со кои располагаат Централната банка и Владата на Русија – од странски валути до монетарно злато.
Целната сума за меѓународните резерви на Централната банка на Русија е 500 милијарди долари.