394
Ситуацијата во врска со вакцината против ковид 19 што ја развива „Астразенека“ е генерално охрабрувачка, иако ќе биде потребно ново тестирање, изјави денеска претседателот на компанијата во Франција, Оливер Натаф.
„Сметаме дека ова е многу охрабрувачко“, рече Натаф за радиото РТЛ.
Сепак, „Астразенека“ се соочува со прашањето за успехот на оваа вакцина, додека некои експерти велат дека тоа може да ги попречи неговите шанси да добие одобрение за користење на вакцините од страна на ЕУ и САД, пренесува „Ројтерс“.