Османи: Решението го гледам само во враќањето на Договорот за добрососедство за надминување на разликите

од Nikola Popovski
486 прегледи

„Договорот е важно да остане, тоа е основата. Решението го гледам само во враќањето на Договорот за добрососедство како инструмент за следење на надминување на разликите во преговарачкиот процес“, изјави министерот Бујар Османи за емисијата „360 степени“.

Тој истакна дека барањето на Бугарија да се прифати дека македонската етногенеза е бугарска, а македонскиот јазик е кодифициран врз основа на западно-бугарски дијалекти е рефлексија на создадената недоверба кон Договорот за добрососедство.

Османи оценува дека во суштината на проблемот помеѓу Бугарија и Македонија е недовербата помеѓу двете општества.

„Недоверба којашто постои помеѓу општествата подолг период и помеѓу интелектуалци, научници, историчари, политичари. Меѓутоа, недовербата се пренесе на Договорот чијашто улога беше да ја врати довербата. Тоа ни создаде проблем којшто потоа еволуираше во една ваква“, потенцира Османи.

Слични содржини