Николовски: Оваа генерација политичари има одговорност да ја внесе државата во структурите за коишто се бориме со децении

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Мислам дека ја користиме секоја прилика со храбрите одлуки коишто ги донесе оваа земја да се остварат стратешките цели на државата. И се гордеам што сум дел од таа генерација на политичари коишто направија се да се остварат стратешките цели на оваа држава, а тоа се членството во НАТО и членството во ЕУ, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во одговор на прашањето дали ќе се свика Централен одбор по најавата на Црвенковски дека ќе го замрзне своето членство во партијата.

– Оваа генерација има одговорност да ја внесе државата во структурите за коишто се бориме со децении, тоа се НАТО и ЕУ, истакна генералниот секретар на СДСМ.

Имаме сериозна одговорност, вели тој, да ги придвижиме работите и да направиме се што е во наша можност да се оствари првата меѓувладина конференција, да започнат долгоочекуваните преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, со потврда на македонски идентитет, во рамки на сите меѓународни институции. Така што државата се движи во тој правец.

Слични содржини