Иран: Исти структури стојат зад убиството на научникот и експлозијата во нуклеарниот објект

од Stefanija Kuzmanovska
460 прегледи

Портпаролот на иранската организација за нуклеарна енергија, Бехруз Камлванди, рече дека исти структури стојат зад диверзијата во нуклеарниот објект Натанц и убиството на нуклеарниот физичар.

– Очигледно е дека во тоа има улога ционистичкиот режим – рече Камалванди, пренесува агенцијата ИЛНА.

Да потсетиме, вчера во Иран беше убиен нуклеарниот физичар Мохсен Фахризаде – шеф на Организацијата за истражување и иновации при Министерството за одбрана на Иран.

Според порталот „Тајмс оф Израел“, научникот бил нарекувам „татко на иранските бомби“. Медиумите исто така шпекулираат дека Фахризаде бил „шеф на програмата за нуклеарно оружје на Иран“. Фахризаде беше професор по физика и офицер во Иранската револуционерна гарда, пишуваат иранските медиуми.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф рече дека постојат сериозни докази за израелска вмешаност во убиството на иранскиот научник.

Меѓутоа, командантот на иранските вооружени сили, Абдулрахим Мусави, рече дека Америка е вмешана во убиството на иранскиот научник.

Началникот на Генералштабот на иранската армија Мохамад Багери предупреди дека „страшна одмазда“ ги чека луѓето кои стојат зад убиството на високиот ирански научник.

Американски разузнавачки служби тврдат дека Израел е одговорен за убиството на иранскиот нуклеарен физичар Мохсен Фахризаде.

Слични содржини