Ковид-19 може да се пренесе од мајка на фетус: Родено бебе со антитела на коронавирусот

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Жена од Сингапур, која беше заразена со коронавирус за време на бременоста во март, роди бебе кое има антитела, што им даде на научниците нови докази дека Ковид-19 може да се пренесе од мајка на фетус.

Бебето, кое е родено на почетокот на ноември, нема коронавирус, но има антитела, објави телевизија „Ал Џезира“, повикувајќи се на „Стрејтс тајмс“, кој ги пренесува зборовите на мајката.

„Мојот лекар претпоставува дека сум ги пренела своите антитела на бебето за време на бременоста“, рече Селин Нг-Чан.

Таа имала лесна форма на инфекција и поминала, заради превенција, две недели во болницата, пренесе Ројтерс.

Светската здравствена организација сè уште не знае дали бремените жени можат да ја пренесат инфекцијата на фетусот за време на бременост или породување, сепак, овој случај покажа дека е можно.

До денес, вирусот не е пронајден во течности околу бебето во матката или во мајчиното млеко.

Преносот на вирусот од мајка на новороденче е реткост, соопштија лекарите од универзитетот Њујорк-Презвитеријан и Колумбија во октомври.