Продолжува излагањето на доказни материјални за „Титаник“

336 прегледи

Случајот „Титаник“ е и натаму во доказна постапка, поконкретно презентацијата на сведоците предложени од обвинителството.

На денешото рочиште сведочеше поранешната членка на ВМРО ДПМНЕ од Штип која во овој дел призна дека донирала средства наменети за партијата.

„Средствата од членарината ги собиравме организирано. Некој средства ги имам платено во Кочани, другите во Штип. Личната членарина беше меѓу 300 и 500 денари, но не мора да значи дека тоа е толку“, истакна таа.

Меѓудругото таа посочи дека во нејзино име се платени средства и од други членови.

Инаку, друг сведок од обвинителството, по професија наставик од Охрид, посочи дека во четири или пет наврати уплатил донација во име на партијата.

„Еднаш имам платено 10, потоа 13, 30 и еднаш имам платено 15 или 18 илјади денари како донација. Првата донација колку што памтам беше во 2013 година“, вели сведокот

Исто така, во отсуство во Кривичниот суд Скопје, за овој предмет како првоосомничен му се суди и на Никола Груевски, кој е во бегство.

Слични содржини