Бројот на заразени лица во Англија опаднал за 30% откако по вторпат бил прогласен карантин во оваа земја.
Гардијан пишува дека овие податоци се резултати од тестирање на 105.000 волонтери, како и дека е забележан пад од околу 30% во целата земја. Помеѓу 13 и 24 ноември имало 96 заразени на 10 000 жители, додека помеѓу 26 октомври и 2 ноември, бројот на заразени на 100 000 жители бил 132.
Параметарот што го покажува нивото на пренос – т.н. „број R“ – сега е 0,88. Важно е да се задржи тој број под една целина, бидејќи кога е најмалку 1, тоа значи дека вирусот се шири експоненцијално.
Вториот локдаун во Англија започна на 5 ноември и заедно со претходните мерки кои беа воведени делумно и во согласност со локалниот развој на ситуацијата, судејќи според ова истражување, дал резултати.
Оваа студија спроведена од Империјал колеџот во Лондон покажа дека процентот на заразени во најтешко погодените области на Англија драматично паднал во вториот бран.