Oпозицијата вечерва организираше протести во 11 градови низ цела Македонија. Пораката секаде иста – да не се дозволи Владата да се пазари со Софија за историјата и идентитетските прашања. Оставка и одговорност од Заев се бараше во Кратово, Крива Паланка, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Струга.
-Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина не само што не се решение, туку напротив, самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на Европската унија. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев. Денеска наместо решение, истото тоа претставува проблем. Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историја, рече Мицкоски.
Според него, само политички аматер може својата држава да доведе во подредена состојба. Мицкоски повика на масовен протест утре во 12:30 часот.