Ковид 19 му го одзеде животот на Енвер Малиќи – заменик градоначалникот на Скопје

427 прегледи

Како последица на компликации предизвикани од Ковид 19, почина заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, потврди Град Скопје.

Инаку, Малиќи бил лекуван десет дена во Инфективната клиника во Скопје, по што бил префрлен во Систина.

Во приватната установа тој бил донесен во влошена здравствена состојба, па лекарите го дале својот максимум да го реанимираат, за жал неуспешно.

За потсетување, Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Малиќи беше советник на ДУИ.

Исто така, тој беше и сопственик на фирмата „Гемак трејд“.

Слични содржини