Филипче: Студентите од шеста година помагаат во новото време за медицината и предизвиците

310 прегледи

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, како и студенти од шеста година студенти на Медицинскиот факултет во Скопје, го почнаа своето волонтерство во Ковид центрите.

Од Министерството за здравство соопштија дека првата група веќе ги започнала сменските работења, како и опфатените дежурства.

Утринава, министерот за здравство, Венко Филипче оствари средба со Интерните клиники и ја поздрави одлуката на студентите да се вклучат во процесот и да помогнат во работата.

„Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со Ковид-19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате можност да го видите во вашата кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем, но и предизвик“, посочи министерот Филипче на состанокот.

Овие студенти ќе бидат распредели онаму каде е потребен кадар, а ќе бидат под менторство на лекари специјалисти и ќе стекнат искуство во делот на клиничката пракса, наведуваат во своето соопштение од Министерството за здравство.

Слични содржини