Бараат кандидат кој за 11.000 евра цел месец ќе лежи во кревет

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Во Германија се нуди необична, но одлично платена работа. Тамошниот истражувачки центар во Келн бара 12 мажи и исто толку жени за истражување што трае 60 дена.

Од тие 60 дена, како што пренесува Fenix magazine, 30 дена треба да ги поминат одморајќи во кревет, а за тоа ќе добијат 11.000 евра. Оние кои ќе го прифатат предизвикот ќе треба 30 дена постојано да бидат во кревет, со глава што мора да биде во положба малку пониска од нозете, односно за шест степени.

Останатите 30 дена отпаѓаат на – две недели аклиматизација и две недели дополнителна нега.

Целта на истражувањето е да се анализираат дегенеративните промени кај астронаутите. Со строг одмор во кревет, треба да се симулира влијанието на безтежинскиот простор во вселената.

За да учествуваат во ова истражување, учесниците треба да исполнат одредени услови: мора да имаат меѓу 24 и 55 години, индексот на телесна маса да биде меѓу 19 и 30 и да бидат високи меѓу 1,53 и 1,92 метри. Покрај тоа, мора да бидат ментално и телесно способни и здрави.

Слични содржини