437
Министерството за правда му ја одзема нотарската лиценца на Антонио Милошоски, со образложение дека има пратеничка функција, па оттаму е разрешен од нотарската служба.
Министерството за правда веднаш по неговиот избор за пратеник во 2016. година и тогаш добиената лиценца, поднело барање за ставање во мирување на службата додека седи во парламентарниот состав.
Неговата функција тогаш била ставена во мирување, а сега истата продолжува откако тој доби нов мандат во Законодавниот дом.
Поконкретно, во меѓувреме, Собранието донесе нов Закон за нотаријат според кој не постојат одредби односно нема „мирување во службата“.