Фудбалскиот клуб Њукасл денес го затворил својот тренинг центар и спроведува масивни тестови за коронавирусот, откако меѓу играчите се појавило зголемување на бројот на заразени.
Целиот тим е во изолација од понеделникот, а британските медиуми објавија дека тренинг центарот нема да работи до четврток.
После победата против Кристал Палас (2: 0) минатиот петок, тренерот на Њукасл, Стив Брус соопштил дека тројца играчи биле заразени со вирусот и дека се во изолација.
Фудбалерите повторно биле тестирани во неделата и откриени се нови два случаи.
Клубот од северот на Англија треба да игра против Астон Вила во петок, но неизвесно е дали ќе се игра натпреварот. Тимот мора да има најмалку 14 играчи, вклучувајќи ги и оние од младинскиот тим, за да се одржи натпреварот.
Тимот добил слободен викенд и не тренирал вчера и денес, а ситуацијата се следи секој ден, објавија од Скај Спортс.