402
Ултравиолетови зраци и радијација се шират од површината на Сонцето, зафаќајќи ја северната атмосфера на нашата планета.
Бурите се класифицирани во пет категории – А, Б, Ц, М и Х класа, која е убедливо најсилна.
Овој пат имаше бура на ниво од М4,4, што значи дека е барем десет пати посилна од Ц класата, сепак, иако е најсилна во претходните три години, таа не е особено забележана меѓу експертите.
Исфрлената маса, составена од плазма и придружното магнетно поле, лета низ вселената, но, за среќа, најверојатно ќе ја заобиколи Земјата.